Екологија:
Подвиг за планетата
Планетава е нашиот дом. Таа е простор на нашето остварување...
Проектот ЕСЕНСЕЕ е инициран од група на лидери во социјалата и граѓанството и од социјалните претприемачи од Хрватска, Србија, Македонија, Италија и Косово. Тие ја препознаа потребата од поконструирано реагирање, соработка и синергичност помеѓу сите засегнати актери во регионот, коишто се заинтересирани за идејата за реализација на похумани, посоцијални и поеколошки одговорни општества и стопанства.

Пионерите на ЕСЕНСЕЕ, потоа, ги здружија мозоците, срцата и рацете во креирањето на проект со намера да произведат одржлива, автоодговорна придобивка, којашто вистински ќе влијае врз целната група, крајниот корисник и населбите во регионот и пошироко во светот.
Имено, веруваме дека времето на човечноста и човечките вредности на вистината, правичноста, несебичната љубов, мирот и ненасилството се на сцена, така да секое човечко суштество, општество и стопанство во денешницата заслужува да извлече корист од балансираната, мудрата, исполнителна и живописна работа.
ЕСЕНСЕЕ започна како отворена, неформална мрежа од самостојни регистрирани организации од екосоцијалната економија, граѓански/кластерски структури, комори и од образовни кластери, коишто би овозможиле инспиративна, одржлива и економична соработка, развој и размена помеѓу различните општествени чинители на локално, национално и регионално (меѓународно) ниво.
Затоа, ЕСЕНСЕЕ е динамичен, флексибилен и креативен концепт за прифаќање на афирмирани и новонастанати визионери, лидери, претприемачи, иноватори, стручњаци, практичари и поддржувачи на хумано ориентираните општества и стопанства.
Доколку сте заинтересирани да дознате повеќе, прочитате за нашите услуги за поддршка, проектот ЕСЕНСЕЕ or условите за зачленување или да контактирате директно со нас, јавете се на следнава адреса.
Доколку сте одушевени од нашата идеја, со широко отвореи раце Ве чекаме да нѝ се придружите!